Македонија
25. April 2022 - 21:16

СОНК и Владата се договорија, настава сепак утре нема да има

Дванаесет отсто покачување на платите на вработените во градинките и основните и средни училишта од јули. Раковдството на СОНК и Владата, по две недели штрајк во образованието, вечерва ги усогласија ставовите на тричасовна рунда. Ќе има и промени во колективните договори за скалесто покачување, но и за К-15.

Понудата утре оди пред членството на независниот синдикат, а доколку биде прифатена, наставата би требала да продолжи најрано в среда.

Сепак, ниту од СОНК ниту од Владата не откриваат колакаво ќе биде финансиското оптоварување на буџетот по ваквиот договор. Министерската за труд и социјална политика вели дека покачувањето од 12 отсто нема да влијае на инфлацијата во државата.

Доколку утре биде донесена одлука штрајкот да биде прекинат, а наставата да продолжи од среда Министерството за образование и СОНК ќе седнат повторно на заедничка маса за да одлучат како да бидат надоместени изгубените часови.