Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.
До крајот на работнава седмица и почетокот на викендов, времето претпладне ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди. А попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи, особено во вторник. Дневната температура ќе биде во пораст.
МИА
Ново на Сител
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
