Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, температурата до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во текот на оваа седмица ќе преовладува топло време. Во вторник ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток ќе преовладува сончево време со променлива облачност во текот на денот.
МИА
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
