Сончево и топло, попладне со услови за локален пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Спортед најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе се задржи сончево и топло време. Во деновите од викендот под влијание на циклонска активност ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен северен ветер. Од сабота дневната температура ќе биде во значително опаѓање.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ бара проширување на истрагата за возачот на Јанушев
-

Што значи победата на АФД на покраинските избори во Германија
-

Ново рочиште за „Лотарија“ – Груби на обвинителната клупа
-

Скопје подготвено за Дејвид Гета
-

Чествување на 8 Септември во кабинетот на претседателката
-

Се намалува бројот на вакцинирани деца во Прилеп, постои опасност од враќање на веќе искоренети болести
-

Пастрмајлијада 2026: Два дена, две локации, еден бренд
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
