Македонија
7. July 2026 - 7:58

Сончево и топло до 36 степени, попладне можни дожд и грмежи

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така, сончево време со мала до умерена облачност, додека во попладневните часови, во делови од котлината, ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, следува период на топло и стабилно време со дневна температура во пораст. 

 

МИА

Ново на Сител