Сончево и потопло време, температури до 23 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Според прогнозата на УХМР, за време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
МИА
Ново на Сител
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
-

СДСМ: Срамни обиди за рехабилитација на осудените за 27 април
-

Стартува реконструкцијата на Универзална сала
-

Државата се дигитализира, но не сите со исто темпо
