Собранието пред нова блокада
Собранието пред нова блокада. Опозицијата обвинува за самовилие на власта во обидот на пленарна седница да биде сменет пратеникот Фадил Зендели од член на Комисијата за избори и именувања. Власта преку разрешување на Зендели се обидува да го поврати мнозинството во ова собраниско тело со што без опозицијата ќе може да избере 4 уставни судии. Седницата за негова смена трае два дена.
„Да ја преиспитаат својата намера за насилно разрешување на пратеникот од Комисијата и веднаш да ја повлечат предлог одлуката. Доколку не го сторат тоа, ние како народни избраници и претставници ќе ги превземеме сите алатки согласно Деловникот и ќе направиме се’ за да ги заштитиме граѓаните. Нема да дозволиме ова Собрание да носи партиски и кадровски одлуки креирани во партиските штабови на СДСМ и ДУИ“, вели Дафина Стојановска.
За ситуацијата ќе биде извесетан и меѓуанродната заедница. Од опозицијата обвинуваат дека исчезнале и 400 амандмани кои пратеничката група вчера ги поднела на одлуката за разрешување.
Од СДСМ пак, велат дека ВМРО-ДПМНЕ не дозволува парламентарното мнозинство да биде пресликано и во собраниските комисии.
„Како парламентарно мнозинство нема да се повлечеме пред блокадите на опозицијата, ќе сториме се, сите закони важи за граѓаните да бидат донесени и да започне нивната реализација. Мнозинството секогаш ја има можноста, мнозинството има легитимно право дадено од граѓаните, мнозинството за разлика од опозицијата ја носи и одговорноста за донесените одлуки во Собранието“, вели Јован Митревски.
Митрески ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека освен изборот на уставните судии со месеци ги кочи и законите за наставници и стручни соработници, за служба во Армијата, за изградба на нов клинички центар.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
