Собранието на седница со повеќе законски предлози, ратификации и извештаи

Собранието денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се повеќе законски предлози, извештаи и одлуки.
Пратениците ќе дискутираат за Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност за 2025 година, финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, ревидирани од овластен ревизор, како и Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година.
На дневен ред е и Предлогот на закон за ратификација на изменувањето на Протокол 4 кон Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, кој се однесува на дефиницијата на концептот „производи со потекло“ и методите на административна соработка, согласно Одлуката бр. 1/2026 на Советот за партнерство од 26 јануари 2026 година.
Пратениците ќе расправаат по Предлогот на закон за ратификација на изменувањето и дополнувањето на Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), согласно Одлуката на Мешовитиот комитет бр. 2/2024, донесена на 9 октомври 2024 година, со која се предвидува олеснување на електронската трговија.
Собранието ќе расправа и по Предлогот на закон за изменување на Законот за Царинската тарифа и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за ревизија, и двата по скратена постапка, како и по Предлог-одлуката за давање согласност на статутарните измени на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Во рамки на седницата треба да биде разгледан и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за зоотехника, во прво читање.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
