Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Собранието ќе ја одржи 98. седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и предлог законските измени на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка, со кои се се создаваат услови за елиминирање на објективните причини поради кои беше воспоставен моделот на преодна, односно техничката влада.
Предложеното законско решение, со одложната примена, како што се вели во образложението од предлагачот – Владата, има за цел да обезбеди стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес на граѓаните преку целосно и доследно заокружување на започнатите реформи.
- Заради потребата од рационално и одговорно користење на јавните финансии, зајакнување на институционалната стабилност и обезбедување целосен демократски легитимитет на Владата како носител на извршната власт избрана од Собранието, со овој предлог закон се воспоставува јасна и применлива правна рамка која ќе ги гарантира фер и транспарентните избори преку институциите основани со Уставот и законите и ќе ги елиминира привремените решенија воспоставени со политички договори во минатото – се вели во образложението на предлог законот.
На дневен ред пред пратениците, е и предлог одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина.
Пред пратениците се и стратешкиот и финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2026 година и годишната програма за работа на комисијата за 2026 година.
На дневен ред е и предлог одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Како 7 точка, на дневен ред пред пратениците е и Предлог на закон за изменување на Законот за гранична контрола, во второ читање, со кој, како што се вели во образложението „ќе се изврши подобрување на системот за гранична безбедност, подобрување на функционалноста на националниот систем за гранично управување и натамошно усогласување со Европската Унија и стандардите во рамки на процесот на исполнување на критериумите за придружување во Европската Унија (Поглавје 24).“
Пратениците во рамки на 98. Седница, како што е најавено, ќе ги разгледаат и Предлог на закон за изменување на Законот за здравственото осигурување – во второ читање; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, по скратена постапка; Предлог на закон за изменување на Законот за внатрешната пловидба, по скратена постапка; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка; и Предлог на закон за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка.
МИА
Ново на Сител
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
-

УЈП: Краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е 27 април 2026 година
-

Родители од Делчево дозволиле нивните малолетни ќерки да живеат во вонбрачни заедници, едната од нив била силувана
-

Затвореник измамен за 890.000 денари, му било ветено дека ке му се намали казната
-

При обид да одглави заглавена сајла на кран 48-годишен работник загина во Тетово
-

Кривична за полициски службеник: Фалсификувал службен документ и го злоупотребил потписот на раководителот
-

Пронајдена неексплодирана топовска граната од Првата светска војна со калибар од 75 мм
-

Јаневска: Многу е комплицирана ситуацијата со Филолозофскиот факултет
