Собранието ќе ја почне 102 седница, опозицијата ќе поставува пратенички прашања

Собранието денеска ќе ја одржи 102. седница на која на дневен ред се повеќе точки, а за оваа седница се најавени и двочасовните опозициски прашања.
На предложениот дневен ред е Предлог – одлука за испраќање на припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, која претходно ќе биде разгледувана и на Комисијата за одбрана и безбедност. На седницата се очекува да бидат донесени Предлог законот за младински додаток и измените, дополнувањата на Законот за индустриски-зелени зони (двата во второ читање) и Фискална стратегија на Република Северна Македонија за 2027-2031 година.
По скратена постапка се предлага да бидат донесени измени и дополнувањa на Законот за Владата на Република Македонија, на Законот за медијација, на Законот за основното образование, на Законот за средното образование, дополнувањата на Законот за заштита на правата на пациентите и на Законот за здравственото осигурување, Предлог закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со ценовната криза, дополнување на законот за јавните патишта, дополнување на Законот за локалната самоуправа, измени на Законот за ученичкиот стандард, измени и дополнувања на Законот за студентскиот стандард, измени на Законот за основање на јавно претпријатие Македонска радиодифузија, измени на Законот за внатрешни работи, измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи, на Законот за полиција и на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. По скратена постапка ќе се носи и Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте Гроуп Банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ (AKA Ausfuhrkredit-Gesellschaft mbH) и Мерил Линцх Интернатионал (Merrill Lynch International) по Договор за заем за општи буџетски потреби, вклучително и за финансирање на капитални расходи и рефинансирање на обврски утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија.
На дневен ред е и Годишен извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2025 година, како и барањата за автентично толкување на член 5 ставови (2) и (3) од Законот за данокот на личен доход поднесено од пратеник Оливер Спасовски на член 18 став (3) од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, поднесено од пратеникот Зоранчо Јованчев, на члеовите 37, 38, 39, 40 и 41 од Законот за државните службеници,а во врска со член 87 став (3) и член 111 став (4) од Законот за административните службеници, за стекнат степен на кариера на државни службеници, поднесено од градоначалникот на Општина Долнени, со архивски број 08-2005/1 од 15.03.2024 година, на членовите 37, 38, 39, 40 и 41 од Законот за државните службеници,а во врска со член 87 став (3) и член 111 став (4) од Законот за административните службеници, за стекнат степен на кариера на државни службеници, поднесено од градоначалникот на Општина Долнени, со архивски број 08-7116/1 од 16.12.2025 година и на член 5, ставови (2) и (3) од Законот за данок на личен доход, поднесено од пратеникот Димитар Апасиев.
МИА
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
