Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

Поради продолжените ризици од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати, Собранието денеска на пленарна седница го усвои предлогот да се одобри продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија.
Со одлуката, која претходно доби поддршка и од Комисијата за одбрана и безбедност, кризната состојба се продолжува до 20 јули 2026 година, а ќе почне да се применува од 21 април 2026 година, по нејзиното објавување во „Службен весник“.
Во образложението пратениците беа информирани дека продолжувањето на кризата е условено од неповолната меѓународна безбедносна и енергетска состојба по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и сериозните нарушувања во транспортот на сурова нафта, особено преку Ормуската Теснина, кој е еден од клучните светски енергетски коридори.
Според процените на надлежните институции, по нападите извршени кон крајот на февруари годинава и последователното блокирање на поморските патишта, протокот на нафта низ Ормуската Теснина значително е намален, што создава ризик од глобален недостиг и зголемување на цените, со директни последици и врз домашниот пазар.
Владата веќе презема низа мерки за ублажување на последиците од кризната состојба, меѓу кои намалување на данокот на додадена вредност за енергентите и намалување на акцизите за дизелот и за безоловните бензини, со цел заштита на стандардот на граѓаните и обезбедување стабилно снабдување.
Предлогот за продолжување на кризната состојба беше усогласен со заклучоците на групата за процена на ризици и опасности и на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, кои оценија дека причините за нејзиното прогласување сѐ уште не се надминати.
Со денешното гласање Собранието им даде овластување на Владата и на надлежните институции и во наредниот период да продолжат со координирано управување со состојбата и со примена на мерки за обезбедување сигурно снабдување со енергенти.
МИА
Ново на Сител
-

Протест на културните работници
-

Петиција да се забранат социјалните мрежи за деца под 12 години во Македонија
-

Европските аеродроми бараат флексибилност во функционирањето на системот за влез/излез
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
