Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“

Во координирана заедничка акција со ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, екипи на Општина Кисела Вода денес спроведоа темелно чистење и уредување на булеварот „Борис Трајковски“.
Активноста се реализираше преку Секторот за месна самоуправа при Општина Кисела Вода, при што се расчистуваше потегот од крстосницата со улицата „Народни херои“ сè до влезот во населбата Драчево.
За ефикасно и брзо завршување на работата, на терен заеднички интервенираа 40 сезонски работници од Општина Кисела Вода, 30 работници од ЈП „Комунална хигиена“ и 20 работници од ЈП „Паркови и зеленило“. Со цел детално расчистување на зеленилото, пешачките патеки и коловозот, ангажираните екипи работеа со повеќе тримери, телескопски пили и дувалки, додека за подигнување на сметот Општината користеше три свои камиони.
Во текот на акцијата од овој потег беа собрани и транспортирани вкупно 3 тона отпад. Ваквите акции, кои имаат за цел одржување на јавната хигиена и заштита на животната средина, ќе продолжат и во наредниот период.
МИА
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Николоски: Се бара решение за македонските транспортери
-

Штип го зголемува паркинг капацитетот
-

СДСМ: 1 милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, Мицкоски ги загрозува пензиите
-

Преглед на вестите од светот
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
