Македонија
2. January 2023 - 12:24

Со нови авиолинии Охрид ќе привлекува повеќе туристи

Со нови авио линии до повеќе туристи во главниот туристички центар. Линија Охрид-Белград,која стартува од месец јуни се очекува оваа година да го дуплира бројот на ноќевања на српските туристи кој во текот на изминатат година беше зголемен за 40 проценти но и да ја зајакне економската соработка помеѓу двете држави а останатите линии не само сезонски туку и редовни ќе ја прошират понудата во текот на целата година.

Оваа година според директорот на агенцијата за подршка и промоција на туризмот Јаневски се очекуваат и туристи од егзотичните земји ,кружни тури но и голем број на европски гости.

Почетокот од 2023 година е значаен во насока на зајакната промоција и саемско претставување на нашата држава.

Една од целите на македонскиот туристички сектор за 2023 година е бројот на ноќевања од стратешки важните туристички пазари да биде поголем отколку во претпандемиската 2019 година.