Снуп Дог нуди работа од соништата: 10.000 долари месечно за да јадете сладолед – потребен е само пасош

Американскиот рапер Снуп Дог отвори необичен оглас за работа – бара човек кој ќе пробува сладолед, ќе открива нови вкусови и за тоа ќе добива 10.000 долари месечно.
Станува збор за позицијата „International Ice Cream Taster“ во неговиот бренд за сладолед „Dr. Bombay“, а огласот е објавен во соработка со глобалната платформа за вработување Deel. Позицијата е реална, а кандидатите можат да аплицираат од која било земја во светот.
Избраниот кандидат ќе биде ангажиран три месеци и ќе заработи вкупно 30.000 долари, односно по 10.000 долари месечно.

Но, работата нема да се состои само од јадење сладолед. Дегустаторот ќе треба да истражува необични вкусови и десерти, да ги следи најновите светски трендови, да предлага идеи за нови производи и да создава содржини за социјалните мрежи.
За работното место не е потребно професионално искуство како готвач или дегустатор. Од кандидатите се бара да зборуваат англиски јазик, да имаат важечки пасош и да бидат достапни во следните три месеци.
Особено се охрабруваат да аплицираат љубители на храна, креатори на содржини, маркетинг професионалци, студенти, претприемачи, новинари и готвачи.
Ново на Сител
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
