Македонија
3. September 2023 - 16:36

Случајот „Онкологија“ целосно ја урниса довербата во здравствениот систем

Страв кај пациенти кои овој период треба да почнат со хемотерапија, бес, гнев и разочарување кај семејства кои изгубиле блиски болни од рак – дали би биле живи ако ја примеле терапијата која според сомневањата можеби им била скратена. Скандалот на Онкологија ја тресе целата македонска јавност и сите бараат одговорност за поигрувањето со најтешко болните и наводите за препродажба на скапите лекови и нивна замена со физиолошки раствор. Огромен револт има и кај Гоце Мојсиевски од Скопје чија 62 годишна мајка починала пред неполн месец.

- Кога се посомневавте дека вашата мајка, како што напишавте веќе починала, не ја прима соодвертанта терапија?

- Првично, симптомите што треба да ги добие секој еден кој прима хемотерапија а тоа е опаѓање на косата. Таа прими 4 хемо и косата не и падна. Прашавме немавме конкретен одоговр, почекајте, ќе биде, се уште не делува...кога прашавме што добива како терапија велат дека тие си ја знаат работата и дури еден млада дечко ни рече нема што вие да знаете, тоа ние знаеме, вели Гоце Мојсиевски од Скопје.

Со тоа што јавно зборува за неговото лошо искуство на Онкологија, Гоце како што вели сака расветлување на случајот за да биде подобро за сите пациенти кои ги лекуваат од рак.

Кој ке одговора и кој се е инволвиран во овој скандал? Премиерот побара да не се прави сензационализам од случајот и вели одговорноста има име и презиме.

- Ова е првпат да биде спроведена ваква акција. Да повикам да не се прави сензационизам и напад на сите доктори и медицински сестри во државата, затоа што најголемиот дел се извонредни луѓе кои се грижат за здравјето на граѓаните. Секој криминал има свое име и презиме, има одговорности и задачата е да се обезбедат докази врз основа на кои ќе бидат идентификувани сторителите, а од Владата нема да има никакви интервенции за заштита за било кого, затоа што се грозни наоди кои се педмет на истрага. Во медиумите, особено на социјалните медиуми се креира слика на вмешаноста на одредени лица зависност од нивната припадност. Ваков тип на криминал е мултиапртиски и мултиеетнички, вели Димитар Ковачевски, претседател на Влада.

На социјалните мрежи трет ден врие од коментари за грозните наводи дека некој се богател на сметка на болните. Лекари и здравствени работници се срамат од колеги ако тоа го правеле, други пак, прашуваат зошто никој не кажува како ја аплицираат биолошката терапија, кои се критериумите и кој добива од неа ако на клиниката е стигната во помали количини а има многу кандидати.

Министерот за здравство очекува институциите брзо да се произнесат за случајот, од Лекарската Комора со став дека ниту еден пациент не заслучува злоупотреба на терапијата за лична корист и треба да бидат почочени виновниците. Не стивнуваат и партиските препукувања – сите бараат одговорност.

- Прво, кој ќе одговара со име и презиме за ваквиот третман на онколошките пациенти?

Второ, кој дозволил незаконско и неуставно делување во третманот на пациентите наспроти уставно загарантираното право на здравствена заштита на секој пациент?

Трето, зошто најсовремената онколошка терапија не е на позитивна листа за која четворица министри од Владата на СДСМ и ДУИ не мрднаа со прст?

Четврто, во чии џебови се украдените пари и дали има лоцирана одговорност?

Петто, точни ли се наводите и цифрите од стотици евра кои се споменуваат во јавност, а им се бараат на пациенти со малигни заболувања за одредени дијагностички процедури неопходни за натамошен третман?, вели д-р Лазо Јовчески ВМРО-ДПМНЕ.

По запленувањето на електронски податоци, пишани документи и комјутери, од обвинителството денеска ни одговорија дека во тек е вештачењето на доказите. Освен на Онкологија, во петокот претреси имаше и во два приватни стана.