Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност

Народна банка внимателно ги следи состојбите и ризиците и е подготвена адекватно да одговори се со цел зачувување на стабилноста на девизниот курс и финансиската стабилност, истакна гувернерот на Народна банка, Трајко Славески пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Презентирајќи го кварталниот извештај на Народната банка, гувернерот Славески информира дека во 2025 година инфлацијата беше умерена во просек изнесувала 4,1 отсто и тоа најмногу се должи на растот на цените на храната и базичната инфлација. Во првото тромесечие од годинава има извесно забавување и за трите месеци во просек стапката на инфлација изнесува 3,7 проценти, а во претходното тромесечие беше 4,2 проценти, нагласи Славески.
-Во однос на растот на платите, минатата година забележаа номинален раст од 9,6 проценти при инфлација од 4,1 процент. Имавме значително солиден раст на платите, едни од поголемите во регионот и Европа од 5,5 проценти. Во периодот јануари-февруари 2026 година, годишниот раст на просечната нето плата изнесува 7,8 проценти номинално, и 4,6 отсто реално, што покажува тенденција на забавување. Во 2025 година инфлацијата беше умерена во просек изнесуваше од 4,1 отсто и таа најмногу се должи на растот на цените на храната и базичната инфлација. Во првото тромесечие од годинава има извесно забавување и за трите месеци во просек стапката на инфлација изнесува 3,7 проценти, а во претходното тромесечие беше 4,2 проценти. На 31.12.2025 година бруто надворешниот долг изнесуваше 71,8 проценти од БДП и во споредба со крајот на 2024 година бележи намалување кое се должи на намалување кај јавниот долг, а тоа пак произлегува од редовното сервисирање на обврските на државата при минимално намалување на приватниот долг, односно приватните субјекти. Во апсолутни износи на крајот од 2025 година, бруто надворешниот долг е понизок за 12,8 милиони евра во услови на доминален раст на приватниот долг кој во значителен дел е неутрализиран со падот на јавниот долг, посочи Славески.
На седницата се обрати и претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, која нагласи дека фискалната политика повторно е на врвот на јавните политики.
-Фискалната политика повторно се јави на врвот на јавните политики. Малку учиме од тоа што светот ни го налага како лекција во немирни времиња и се уште како држава и како институции немаме политика на справување со финансиска криза и ризици, бидејќи за тоа нема стратегија. За крупни прашања од економски аспект особено во периоди на ценовни шокови и криза која го засега економскиот сектор, убедена сум и се борам да има политички консензус, истакна Лукаревска.
На денешната седница собраниската Комисија за финансирање и буџет не го прифати Предлогот на закон за изменување на Законот за придонеси од задолжителното социјално осигурување во прво читање предложен од група пратеници.
МИА
Ново на Сител
-

Анализа: Платите на директорите на најголемите фирми во светот лани растеле 20 пати побрзо од платите на работниците
-

Претрес во скопско, пронајдена дрога, приведено едно лице | ФОТО
-

ЛЕ: Гол предност за Нотингем Форест и Брага
-

Сиљановска-Давкова: Да градиме општество во кое трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат
-

Американските власти објавија видеоснимка од нападот на гала-вечерата со Трамп во Вашингтон
-

Приведен прилепчанец за измама од над 88.000 евра – лажно ветувал лекување во странство
-

Возило излетало од автопатот Скопје–Велес, шест лица извлечени без животна опасност
-

ССМ со првомајски протест за повисока минимална плата, СОНК останува на дијалог
