Скопје одбележува 116 години од раѓањето на Мајка Тереза, положено цвеќе пред спомен плочата

Во Скопје денеска се одбележуваат 116 години од раѓањето на Мајка Тереза. Одбележувањето, кое со различни настани ќе трае десетина дена, започна утрово со положување цвеќе пред спомен плочата на нејзината родна куќа во центарот на главниот град.
Прв кој положи цвеќе и кој ги предводеше делегациите беше министерот за европски прашања и прв вицепремиер во Владата Беким Сали.
-Денес сме тука во близина на старата куќа на Мајка Тереза во центарот на Скопје, таму каде што семејството Бојаџиу имаше една ќерка која ја пренесе пораката на хуманизмот во целиот свет, позната како Мајка Тереза. За нас е гордост како скопјанка, како Албанка и ние имаме обврска да потсетуваме на нејзината дејност и нејзината порака, по која ја знае целиот свет - рече Сали.
Министерот воедно, во изјавата додаде дека денеска исто така започнува втората фаза од изградбата на автопатот Блаце-Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

116 години од раѓањето на Мајка Тереза
-

Доцна синоќа изгаснат пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско
-

Песков: Директорот на ЦИА не се сретна со Путин
-

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матична комисија во Собранието
-

Вкупно 23 лица спасени откако по три часа беа заглавени на рингишпил во Хамбург
-

Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во болница во Пакистан
-

За седум месеци во Албанија престојувале над 7 милиони странски туристи
-

Сончево и топло до 37 степени
