Скопје блокирано поради Самитот на ОБСЕ – 30-ти ноември неработен ден за администрацијата
Министрскиот Совет на ОБСЕ три дена целосно ќе го блокира Скопје. Од пладне на 29 ноември, до 1 декември, ограничено ќе биде движењето по сите улици низ главниот град поради бројните делегации кои ќе пристигнат во Скопје.
Со одлука на влада 30-ти ноември ќе биде неработен за вработените во државната и јавната администрација. Затворени ќе бидат и сите училишта, освен градинките и болниците.
Македонското МНР очекува дека на Советот ќе пристигнат сите делегации, иако се уште е незивесно доаѓањето на руската делегација на чело со Лавров. Османи вели дека одлуката дали руски претставници ќе бидат дел од состанок ќе биде одлука на Македонија. Но потврдува дека се прават консултации со сите земји учеснички , вклучително и со Украина, околу присуството., но и со соседните Бугарија и Грција за прелетвање на нивна територија.Засега е јасно дека во скопје најверојатно ќе допатува американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Според најавите на МНР, пријавени се 76 делегации, од кои 57 земји членки на организацијата или околу 1000 делегати.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
