Македонија
25. јуни 2026 - 10:38

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија

Поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело „измама“, 45-годишниот скопјанец Н.Д. бил лишен од слобода во Крива Паланка, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Претходно, едно лице ѝ се јавило телефонски на повозрасна жена од Крива Паланка. Се претставило како лекар од Италија. Ја известило дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе скршеници на нога и вилица и дека ќе треба да даде 35.000 евра за да ѝ биде направена операција. Бидејќи немала толку пари, се договорила со него да ги даде сите пари што ги има дома, но, во меѓувреме, се јавила на зет ѝ кој ја советувал да се јави на полиција, по што полициски службеници го затекнале лицето и го лишиле од слобода во близина на нејзиниот дом - информираа од МВР.

Скопјанецот бил задржан во полициска станица.

Од МВР додадоа дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

МИА