„Сите сме еднакви“ - Гласна порака од „Охрид трчат“
29 годишниот Алекса Петровиќ од Србија со својата храброст и издржливост во секојдневната битка е инспирација за останатите, тој со инвалидската количка рамо до рамо со маратонците и спортистите учествува на Охридскиот маратон „Охрид трчат“.
Под мотото „Сите сме исти“ неговиот сотркач Марко нагласи дека нивната порака има за цел да се подигне јавната свест и да запрат предрасудите и дискриминацијата на лицата со телесен инвалидитет бидејќи и тие заслужуваат да бидат дел во социјалниот живот.
-Бидејќи живееме во време кога врсничкото насилство е доста голем проблем решивме да го промовираме пријателството, но не само преку спорт туку еве ние заедно одиме и на концерти, излегуваме заедно во град одиме на забави ние сме една голема екипа која брои меѓу 20 и 30 членови и секој од нас прави забава било за роденден или друго сите се собираме, одиме кај Алекса. Цела поента е дружењето помеѓу нас, изјави Марко.
-„Како што кажал Нелсон Мендела спортот ги поврзува луѓето и тука се губи секаков вид дискриминација помеѓу луѓето. Мене ми е многу важно Алекса пред се да почувствува дека тој овде припаѓа и едноставно да има убави спомени. Што велам јас кога ќе ги погледнеме медалите или некоја слика од нашите трки се сеќаваме на секој детал“, вели Марко Гајиќ – спортист.
Алекса пет години учествува во трки кои го исполнуваат и прават среќен па поради тоа самиот се пријавил на охридскиот маратон бидејќи тука има роднини.
„Нашата најдолга трка е 42 километри цел маратон, го истрчавме во Јагодина. Два пати во Сараево и тоа е официјално што сме истрчале. Имаме една треил планинска трка, тука сме единствени во Европа со лица со инвалидитет“, додава Гајиќ.
Алекса е среќен што има другари кои му помагаат неговата инвалидска количка не му е пречка да учествува на бројни натпревари, да излегува, да оди на концерти и да се дружи со своите врсници.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
