Сите јадеме лук, а не сме ни свесни што му прави на срцето

Сите знаеме дека е здрав, а сега тоа е и официјално потврдено. Еве за што се работи…
Светската здравствена организација неодамна објави дека лукот, како додаток во исхраната е одличен лек во борба против хиперлипидемија и атеросклероза.
Конечно некој се сетил да го докаже она што го слушаме откако знаеме за себе – лукот е извор на здравје.
Како додаток во исхраната, се препорачува за пациенти кои патат од вишок маснотии во крвта, васкуларни проблеми, повишен крвен притисок…
Метју Бадоф е лидер на истражувањето, со кое се донесени нови докази за предностите на лукот во лечењето срцеви заболувања.
Научниците ја следеле состојбата на 55 испитаници на возраст од 40 до 75 години, кои патат од повишен крвен притисок, дебелина и кардиоваскуларни болсети. Измерена е количината на маснотии и калциум во нивните артерии.
Истражувањето траело година дена.
На една група и е даван плацебо, а на останатите 2,4 мг екстракт од лук – кај нив притисокот во артериите се намалил за 80 отсто.
Откриено е и антибактериско дејство на оваа лековите состојка.
Со тоа што спречува висок крвен притисок во артериите, го успорува развојот на кардиоваскуларни болести. Лукот е одличен чувар на здравјето.
Лукот не мора да биде само лек, туку и одлична превентива. Затоа не чекајте да биде доцна, веднаш додајте го во исхраната.
Ново на Сител
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден од деветмината обвинети полицајци за Пулс не се чувствува виновен
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
-

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец
-

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
