Системот за интернет гласање во Москва погоден од кибернапад на вториот ден од парламентарните избори

Системот за гласање преку интернет во руската престолнина Москва во текот на ноќта се соочи со кибернапад на средината од парламентарните избори, но ситуацијата е под контрола, изјави денеска шефицата на Централната изборна комисија, цитирана од руските медиуми.
Нападите сè уште се во тек, но ниту еден не беше успешен, изјави Ела Памфилова, според државните медиуми.
Парламентарните избори се одржуваат во Русија од петок до недела, и се очекува дека строго контролираното гласање ќе ѝ донесе победа на владејачката партија Единствена Русија.
Изборите, кои критичарите веќе ги оценија како нефер, се сметаат за референдум за тоа дали да се продолжи со целосната инвазија на претседателот Владимир Путин врз Украина, која сега е во својата петта година.
Путин ги нарече изборите „заеднички придонес кон победата на Русија“ против Украина.
Единствена Русија, која е на власт повеќе од 20 години, очекува двотретинско мнозинство и покрај тешката економска криза, воениот замор и јавното незадоволство. Меѓу кандидатите на партијата се десетици воени ветерани.
Заедно со изборите за Државната дума, во осум региони се избираат и претставници на регионалните парламенти.
Според податоците на изборната комисија, низ целата земја се одржуваат околу 2200 избори на различни нивоа на власт.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Русија со години ги напаѓа сојузниците на Украина
-

Пентагон објави нови документи за НЛО
-

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд
-

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар
-

ОН документира сексуално насилство и тортура извршени од руските сили во Украина
-

ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола
-

Македонската кикбокс репрезентација опатува на Светското јуниорско првенство во Лидо, Италија
-

Почина Томче Филиповски, поранешен легендарен фудбалер на скопски Работнички
