Синоќа тензично пред Комуналец
Тензична вечер во Комунална хигиена. Со помош на Единицата за брзо распоредување, службите на Градот успеаја да извадат дел од механизацијата на претпријатието.
Но и тоа не помина мирно.
Работниците обвинуваат дека специјалците на МВР повредиле тројца нивни колеги.
-Полицијата со нејзината интервенција овозможи да излезат неколку камиони од Комунална хигиена. При таа интервенција беа повредени тројца вработени од Комунална хигиена, Стојанче Кашиковски, претседател на СУТКОЗ.
-Ги бутнаа специјалците. Ги удираа. Со сила влезе ги удираа луѓето и се повредија луѓето. Дојде со сила, сила не моли Бога и сега дојдоа со специјалци, вели Насер Биљал, вработен во КХС.
На два пати интервенираше итната медицинска помош. За едниот повреден работниците вчера тврдеа дека бил прегазен, а на вториот му се слуши.
Вработените тврдат дека биле приведени и четворица нивни колеги.
-Ништо не ни кажаа. Само ги земаа луѓето и ги приведоа. Пред да влегуваат. Прво влегоа ги земаа четвроица луѓе. Вработените ги приведоа по никоја причина. Ништо не знаеме, вели Биљал.
МВР сепак демантира. Оттаму велат дека само им биле земени податоци и никој не бил однесен во станица.
Во неколку наврати можевме да забележиме и физички пресметки помеѓу самите вработени.
Единственото апсење се случило по полноќ. Приведен е само еден од вработените бидејќи заедно со неколку колеги нападнал друг вработен зашто ги извршувал своите работни задачи.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
