Македонија
30. August 2026 - 8:31

Силно невреме го зафати вчера Кочани, делови од градот останаа без струја

Невреме проследено со силен ветер и дожд вчера нешто по 20 часот го зафати Кочани и регионот. На повеќе локации во градот беа предизвикани  проблеми во сообраќајот и во нормалното движење на луѓето.  

Делови од градот останаа без електрична енергија. Сообраќајот на магистралниот пат  Кочани–Штип беше во прекин поради наноси и паднати дрвја на коловозот.

Блокирани беа и неколку патни правци околу Кочани. Исто така, булеварот „Тодосија Пунов“ во Кочани е непрооден поради големи количини вода од дождот. На оваа сообраќајница имаше и возила кои беа заглавени во водата.

Екипи на ТППЕ и полицијата беа на терен и ги превзеле сите неопходните активности. Искршени стебла и гранки се забележуваат на повеќе локации во Кочани, што дополнително отежнува било какво  движење.