Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“, во рамки на нејзината официјална посета на Словенија.
Македонската претседателка вчера оствари средба со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар, која ја пречека со високи државни почести. По средбата, Сиљановска-Давкова имаше и работен ручек со претседателот на Државниот збор на Словенија, Зоран Стевановиќ.
Во рамки на посетата, претседателката положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните, а ги посети и Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана, како и македонски иселеници и претставници на македонските културни друштва во Словенија.
Сиљановска-Давкова оствари средби и со членови на Македонско-словенечкиот бизнис-клуб, а во Крањ го посети Македонското културно друштво.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
