Loading Video...
Свет
11. October 2023 - 17:17

Силен земјотрес во Авганистан

Силен земјотрес повторно го погоди западот на Авганистан при што најмалку едно лице загина а 120 се повредени. Потресот бил со јачина од 6,3 степени и се случил на околу 28 км северозападно од градот Херат на длабочина од 10 км.

Во саботата најмалку 8 земјотреси го потресоа западен Авганистан за краток временски период. Загинаа речиси 2500 луѓе а повеќе од 2000 се повредени. Според Обединетите нации најмалу 11 села биле 100 процентно уништени.