Шварценегер откри кој филм му донел најмногу пари

Австриско-американскиот глумец Арнолд Шварценегер е можеби најпознат како „Терминатор“, но ниеден филм од тој серијал филмови, вели, не му го донел најголемиот исплатен хонорар, т.е. заработка. Имено, во своето последно интервју од понеделникот – 23 јуни, скоро 78-годишниот актер откри дека филмот „Близнаци“ (1988) бил финансиски најуспешен за него.
– Отидовме „до таванот“ со тој филм!, нагласи Шварценегер.
Тој веднаш потоа појасни дека за тој филм не добил плата однапред, туку договорил заработка по процент. Значи, некогашниот бодибилдер ги добива парите откако снимањето и продукцијата завршиле, а филмот почнал да се прикажува ширум цел свет.
Во „Близнаци“, Шварценегер и Дени Девито глумат генетски манипулирани близнаци кои се разделени при раѓање и подоцна повторно се среќаваат.
– Продолжението требаше да се вика ‘Тројки’, но не беше направено, бидејќи режисерот – Иван Рајтман почина непосредно пред да почнеме со снимањето на филмот, додаде Шварценегер.
Прашан, кој од филмовите „Терминатор“ би го оценил како „најмалку омилен“, глумецот одговори:
– Би рекол дека најлошиот е, веројатно – број четири, бидејќи тој (филм) е направен во времето кога бев гувернер, па не бев дел од него… Како правиш филм „Терминатор“ без јас да бидам во филмот како Терминатор? Нема никаква смисла.
„Терминатор 4: Спасение“ од 2009 година, со Кристијан Бејл во главната улога, е единствениот филм во серијалот од шест дела, каде што Шварценегер нема своја улога.
Инаку, „Терминатор 2: Судниот ден“ (1991) досега има вкупна заработка од околу 520 милиони долари. А пак, „Близнаци“, според „Бокс офис моџо“, досега има заработка од над 216 милиони долари.
Ново на Сител
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
