Швајцарија повторно ја отвора амбасадата во Техеран

Швајцарија објави дека повторно ќе ја отвори својата амбасада во Иран, по привременото затворање на 11 март поради војната на Блискиот Исток.
Швајцарските власти подвлекоа дека и во периодот додека претставништвото не функционирало, продолжил да дејствува комуникацискиот канал меѓу Вашингтон и Техеран што го обезбедува швајцарската страна.
„Од оваа недела, мал тим на амбасадата на Швајцарија е повторно во Техеран“, соопшти швајцарското Министерство за надворешни работи. Тимот составен од четворица дипломати има задача етапно да ги обнови активностите.
Берн појасни дека одлуката за отворање на амбасадата е донесена по детална анализа на ризиците и во координација со Иран и САД, чии интереси во Исламската Република ги застапува токму Швајцарија.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
