Штрајк на грчките цариници ги затвори трите гранични
Македонско грчката граница денеска најлесно може да се помине пешки. Грчките цариници од утрово ги спуштија рампите на сите три прмини со Македонија. Причината е штрајк на вработените во нивната царина.
На премините Дојран и Ники сообраќакот за сите видови возила е во целосен прекин, а границата може да ја поминат единствено пешаците. На најголемиот граничен премин Евзони - Богородица целосна забрана за сообраќај имаат само товарните возила додека патничкиот сообраќај се одвива со прекини. Овде после секој час прекин се креваат рампите и им се овозможува на патничките возила премин на границата во траење од петнаесетина минути по што истата повторно се затвара.
И покрај тоа што границата од пет часот утрово е затворена на македонска страна во текот на денот не се регистрирани некои поголеми гужви или колони возила бидејќи истите од македонските погранични служби се пропуштаат без проблем и се упатуваат на излез од државата во меѓуграничниот простор.
Штрајкот на грчката царина кој е втор за помалку од еден месец според најавите на Евзони и Дојран ќе трае до 23 часот вечерва, додека границата на преминот Ники ќе остане затворена до утре наутро.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
