Што значи новата политичка состојба во Бугарија за Македонија
Не Македонија, туку борбата против мафијата е вистинската причина за политичката криза во Бугарија по напуштањето на Славеј Трифунов на Владата на Петков. Министерот за спорт во оставка Василев од редовите на „Има таков народ“ попладнево со шестмина пратеници објави дека го напуштаат лидерот под сомнение дека тој работи во интерес на група луѓе.
Партијата на Трифунов уште утрово обвини дека неговите пратеници се купуваат или се под притисок, а попладнево координаторот на пратеничката група на „Има таков народ“ објави и аудиснимка меѓу Василев и пратеничка во која тој наводно ја убедува да премине од негова страна.
Петков пак, од името на „Промените продолжуваат“ ја поздрави одлуката на пратениците кои го напуштија Трифунов. Сепак, се уште нема доволен број пратеници да ја оддржи Владата. Првиот соработник на премиерот - министерот за финасии Василев вели дека ако мнозинство нема тогаш ќе се оди на избори.
Но, дури и Петков да ја одржи Владата според македонските познавачи на состојбите тоа нема многу да влијае на бугарскотот вето на јунскиот самит на ЕУ.
Претходно, бугарскиот аналитичар Бачев за Сител анализираше дека не е јасен расплетот на политичката сцена во Бугарија, но беше дециден дека, иако Трифунов ја користеше како изговор, Македонија не е причина за ваквите турбуленции во официјална Софија.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
