Што ќе прават малите партии откако истече рокот од условите за владината коалиција
Една изборна едница и датум за почеток на преговорите во јуни иако беа услов за составување на Влада сепак не се реазлирани коментират помалите владини коалициски партнери по повод 100 дена од кабиентот на Ковачевски.
Павле Трајанов од ДС вели дека датумот за преговори со Унијата е неизвесен, но затоа пак, условот за една изборна едница почнува да се релизира.
За разлика од него,неговиот коалициски партнер Милевски од ЛДП е скептик за една изборна едница, но затоа, пак е поголем оптимист за тргање на бугарското вето за македонските евроинтеграции.
Сепак помалите партнери велат дека нема да го загрозат опстанокот на мнозинството бидејки причините за забавеното темпо се енергетска криза и воена агресија во Украина. Понудата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремемни избори ја сметаат за несериозна.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
