Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка

Пожарникарите доброволци од Доброволното Противпожарно друштво(ДПД)-Штип кои функционираат веќе втора година, по големиот пожар на планината Серта деновиве очекуваат да им пристигне донација од Америка. Димитар Ташков командир на ДПД-Штип вели дека донацијата ја обезбедиле самите и се состои од заштитна опрема.
- Преку приватна линија, успеавме да обезбедиме донација од Америка. Очекуваме да пристигне наредната недела. Веќе е на царина. Пристигнат е контејнерот со опрема и се надеваме дека наредната недела ќе ја преземеме. Треба да добиеме од 60-80 униформи со боци, шлемови, со чизми за оган – вели Ташков.
Доброволците пожарникари изминатите два дена при гаснењето на пожарите над населбата Кадидаре и во викенд населбата Кумлак беа рамо до рамо со пожарникарите од ТППЕ-Штип. Поради непристапниот терион нивните теренски возила беа користени за брзо да се пристигне до местата каде што е огнената стихија. Ташков вели дека ДПД-Штип веќе има над 30 членови и секој граѓанин кој има интерес да стане нивен член слободно може да се приклучи.
- Секој што сака да помогне во гаснење на пожари, за доброто на нашиот град, е добредојден во друштвото. Вратите се отворени за секој што има желба - рече Ташков.
Инаку поголемиот дел од членовите на ДПД се и членови на оф роуд друштвото, кое низ години им има помагано на пожарникарите при интервенции во планински предели и на непристапни терени.
МИА
Ново на Сител
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
-

Прилепските бизнисмени: Санација на Прилеп-Градско преку Плетвар и измени на боледувањата и дел од царинскиот тарифник
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
