-->
-->
Шпанците се првиот полуфиналист на ЕП во кошарка
-->
Шпанската репрезентација е е прв полуфиналист на Европското кошаркарско првенство, откако во Берлин ја совлада Финска со 100:90. Селекцијата на Серџо Скариоло вклучи во петта брзина во последните две четвртини и направи голем пресврт откако Финците подобро го започнаа натпреварот.Финска го доби првиот период со 30:19, во тие мигови имаа фантастичен шут и се им поаѓаше од рака. Шпанија намали на едноцирена негатива (43:52) на одморот, а потоа тргна „фуријата“ на Скариоло.
Шпанците ја добија третата четвртина со 30:15 и комплетно ја анулираа негативата минувајќи и во водство. Продолжија со сигурна игра и во последниот период и заслужено се пласираа во полуфиналето.
Најефикасен во селекцијата на Шпанија беше Вили Хернангомез со 27 поени. Кај Финците, очекувано, Лаури Марканен постигна 28 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
-

Дејвид Гета во Скопје за прославата на независноста
-

Климатските промени влијаат врз пчеларството
-

Се помалку медицински сестри, се поголем притисок во болниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
-

Бугарската министерка до Муцунски: Почитување на договореното за отворање на Европскиот пат
-

Тема на денот со Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“
