Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија

Екипите на Силекс и тетовска Шкендија ќе се борат за трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија. Ова е исходот по денеска одиграните реванш полуфинални дуели во Кратово и Куманово.
Екипата на Силекс на домашен терен го совлада Охрид Лихнидос со 1-0, откако првиот меч заврши без победник 1-1.
Од самиот почеток кратовци беа оние кои тргнаа офанзивно. Во петата минута Алич биеше со глава, а топката за малку мина крај стативата, Веќе во 8 минута, се обиде Мишов,но ја погоди гредата од голот на охриѓани. По брзата акција во 16.минута биеше Пиреш, но тоа беше лесна топка за гостинскиот голман Серафимов. А, токму тој беше јунакот на гостите во 25.минута кога го одбрани ударот на Алиќ од пенал. Но, Серафимов беше немоќен при вториот пенал за домаќините кој во 33.минута го изведе Дарко Додев и донесе водство на Силекс од 1-0. Португалецот, Пиреш во 42.минута повторно го испроба својот шут, но тогаш биеше крај голот.
Во вториот дел (51.минута) Босанецот, Алиќ од идеална позиција од 6.метри не небранет од никој биеше со глава над гостинскиот гол. Само пет минути подоцна Пиреш ја затресе мрежата на гостите, но голот беше поништен поради офсајд. До крајот немаше посериозни шанси, па кративци обезбедија место во финалето.
Во Куманово дуелот на двете Шкендии, арачиновската и тетовската, им припадна на актуелните шампиони од Тетово со 2-0. Во првиот натпревар тетовци славеа со 3-2 и со две победи обезбедија финале.
Во втората минута многу среќа за тетовци, кога Адили од слободен удар, ја погоди стативата од гол на гостите. Тоа беше и единствената шанса за гол во првиот дел. Во второто полувреме односно 57.минута Латифи се обиде на атрактивен начин. Неговиот удар со „ножички“ заврши во гредата на домашниот гол. Двете грешки на арачинивци беа казнети во завршните минути и тоа набрзина. Прво во 85, минута Спахиу за водство од 0-2, а веќе во следната Ндзенгуе за конелни 0-2.
Така Силекс по пауза од четири години ќе игра во своето шесто финале во кое ќе атакува на 3 трофеј. И Шкендија ќе го игра шестото. Во последното во 2018 година тетовци стигнаа до вториот Куп трофеј.
Годинашното финале во Купот на Македонија ќе се игра на 6 мај.
Ново на Сител
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
