Шест лица загинаа во судир на два хеликоптери над Рио де Жанеиро, меѓу патниците можеби бил и Оливер Три

Најмалку шест лица загинаа при судир на два хеликоптери над Рио де Жанеиро, додека полицијата проверува дали меѓу жртвите е и американскиот пејач и комичар Оливер Три.
Несреќата се случила над квартот Рекреио дос Бандирантес, по што леталата се урнале на паркинг на автосалон во западниот дел на градот. При падот избувнал пожар, а биле оштетени околу 20 автомобили.
Противпожарните служби соопштија дека сите шест жртви се наоѓале во двата хеликоптери.
Според информации на бразилската полиција, името на Оливер Три се наоѓало во списокот на патници на еден од летовите, но засега телата на загинатите не се идентификувани.
Три на 4 јуни настапил во Буенос Аирес, а во саботата објавил видео на социјалните мрежи на кое игра фудбал во Бразил.
Локалните медиуми емитуваа снимки на кои се гледа густ чад над местото на несреќата и повеќе автомобили зафатени од пламен.
Според податоците на бразилскиот Центар за истражување и превенција на воздухопловни несреќи, во земјата минатата година биле регистрирани 153 воздухопловни инциденти, во кои загинале 62 лица.
МИА
Ново на Сител
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
-

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец
-

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
-

Поскапуваат горивата
-

Запалени дипломатски возила пред бугарската амбасада
-

Марта Кос: Денеска е “Мега понеделник” за проширување на ЕУ – Украина и Молдавија ги почнуваат преговорите
-

Мицкоски: Украина и Молдавија немаат опозиција како СДСМ
-

Почна расправата за законот за правична застапеност
