Македонија
24. October 2023 - 16:40

Шест амбасадори заминуваат во мисија во празни Амбасади со години, меѓу нив Тел Авив

Македонија најпосле по неколку години празни дипломатски претставништва  испраќа амабсадори во неколку клучни држави. Собранискиот филтер денеска го поминаа 6 кандидати, како последна фаза од постапката пред да заминат во мисија.  По  пауза од речиси 7 години амбасадор добиваме во Кина, а по пет години и во завојуваниот Израел. Иако Владата сакаше да го го укине, сепак нов амбасадор ќе имаме и во Бразил- единствената јужноамериканска држава во која имаме амбасада.

Опозицијата смета дека ова е доказ за неодговорност на Владата и министерот Османи.

Пратениците имаа можност да ги слушнат последите безбендосни прилики во Израел и Газа и идните ризици од новиот амбасадор во Тел Авив. Иако не е надлежен за Палестина, тој откри дека 5 македонски државјани се уште се заглавени во појасот Газа.

Новиот амбасадор во Белград, професорот и поранешен минситер за правда Тупанчевски вели дека и поракај тоа што Србија не е членка на НАТО, во односите со неа последните две години доживуваме ренесанса.

Практично со затворањето на прашањето за црквата, голем дел од тие отворени прашања веќе се ставени настана. Не значат дека нема да се отворат, како на пример што беше последните случувања што беа меѓу Република Србија и Северниот дел на Косово. Тоа е прашање за кое што не може да кажеме дека нема да има одреден ирефлексии и врз нашата држава.Ќе треба да се биде внимателен и да се почитуваат сите одлуки што сме ги донеле како држава.

Своите платформи во Собранието ги претставија и Сашко Насев, кој заминува во Кина, Игор Попов во Бразил, Јасмин Ќахил во Полска и Илбер Села во Германија.

Според најавите на Милошоски, најверојатно наредната недела свое претставување во Собранието ќе имаат и Пајо Авировиќ, кој заминува во мисијата во ОБСЕ, Џенг Сејфул во Шведска, но и поранешниот заменик министер за надворешни работи и екс градоначалник на Центар – Жерновски.