Македонија
18. December 2023 - 16:38

Шеќеринска: ЕУ мора да седне на маса со Македонија и Бугарија, за Ковачевски ВМРО-ДПМНЕ е единствен виновик

На последниот самит на ЕУ, Македонија имаше празен гол и чист пенал, но не го искористи поради опозицијата. Премиерот Ковачевски и денеска е дециден дека единствен виновник што земјава не ги почна преговорите е ВМРО-ДПМНЕ. Но вели дека ништо не е загубено, 2030-та и натаму е достижна година за членство во Унијата.

Од панел дискусијата организирана од Фондацијата Фридрих Еберт и Институтот за одржливи и иновативни политики посветена на проширувањето на Унијата, пораки испрати и поранешната министерка Шеќеринска.

Вели дека геополитичка состојба во Европа ги подотвори вратите за проширување, шанса што Македонија мора да ја искористи бидејќи нема да трае уште долго. Во овој процес мора да помогне и Унијата.

- Европската Унија, мора одвреме навреме да седнува на нашата билатерална маса со Бугарија, бидејќи кога Северна Македонија преговара со Бугарија, не ја има само Република Бугарија, туку и политичката моќ од членството во ЕУ и нашата желба да станеме членка. Кога веќе ЕУ не успеа да ја избалансира таа асиметричност, со тоа што билатералните прашања ќе ги елиминира од процесот, во тој случај сметаме дека ЕУ мора да седне на маса и да помогне да се најде одржлив и продуктивен процес, изјави Шекеринска.  

Последниот самит на Европската унија минатата недела за Македонија заврши само со препорака за носење на уставните измени, додоека европските лидери успееа да го заобиколат најавеното вето на Орбан и донесоа одлука за старт на преговорите со Украина и Молдавија.