„Шаоми“ ја претстави „14-T“ линијата паметни телефони

Кинескиот технолошки гигант „Шаоми“ (Xiaomi) ја претстави најновата „Шаоми 14-T“ линија паметни телефони, наменета за љубителите на фотографијата.
Имено, имајќи го предвид фотографирањето со паметен телефон со нагласка на ноќното сликање, „14-T“ е надополнет со предностите на вештачката интелигенција. Со оваа напредната технологија, корисниците ќе може да уживаат во јасни, живописни слики, и дење и ноќе. Комбинирајќи елегантен дизајн, „Медијатек“ (MediaTek) процесор и „АМОЛЕД“ дисплеј, новиот телефон нуди интеграција на функционална ВИ и неспоредливо искуство во однос на претходните уреди.
Понудата за „14-T“ вклучува меморија од 12 плус 256 ГБ, додека „14-T про“ оди со меморија од 12 плус 512 ГБ.
„Шаоми 14-T“ ќе биде достапен во „титан-сина“, „лимон-зелена“ и „титан-црна“ боја. Надградениот „14-T про“ доаѓа во „титан-сина“ и „титан-црна“ боја. Оновната цена е 899 евра.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
