Семејството на Ѓорѓе Балашевиќ нема да ја одбележи годишнината од неговата смрт
Во пресрет на годишнината од смртта на еден од најпознатите музичари на овие простори, Ѓорѓе Балашевиќ, неговата ќерка Јелена – Беба Балашевиќ се огласи на Фејсбук и објасни зошто семејството нема да ја одбележи годишнината од неговата смрт.
„Прославувањето на денот кога ’Некој Твој‘ си заминал од овој свет не е нешто што некогаш се практикувало во нашата куќа. Не поради ’непочит‘, туку токму спротивното. Се сеќавате на тој ’Некој‘ секој ден, го сретнувате во безброј мали дневни настани – улицата по којашто минуваш, песната што сте ја коментирале, спортски настан, средба со заеднички ликови… И не, не ти треба тој датум во годината за да го одбележиш тој некој, за да го прославиш тој ден“, пишува Јелена.
Ѓорѓе Балашевиќ почина лани на 19 февруари на 67-годишна возраст во Нови Сад. Ќерка му додава дека оние кои го слушале и го разбрале Ѓоле, ќе се сетат дека „оваа неизбежност“ во негов стил ја нарече – „формалност што треба да ја завршам“ и оти ќе има посоодветни денови за прослава.
„Што се однесува до мене, колку и да звучи грубо, оние кои избраа да го одбележат тој датум од сиот тој живот и неговото безвременско дело, не го разбрале Ѓоле. Не ме прашувајте од каде знам…“, заклучи таа.
Многумина ги поддржаа нејзините коментари и се согласија дека таа напишала сè што треба.
Ново на Сител
-

Европските аеродроми бараат флексибилност во функционирањето на системот за влез/излез
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
