Семејството на Димитар Матиловски повеќе од 6 години по убиството не може да ја најде правдата
И после 6 години и два месеци ни трага ни глас од убиецот на 26 годишниот Димитар Матилоски чиј живот згасна за време на новогодишната ноќ во 2016 -та година.
Голготата на семејството исполнета со болка и тага не запира, мајката Драгица чиј син свирепо беше претепан до смрт од српскиот турист Бојан Угреновиќ вели дека иако е осуден на 16 години казна затвор и пресудата е правосилна сеуште е на слобода.
Матилоска најави дека ќе се бори до крајот на својот живот правдата да излезе на виделина таа сеуште незнае дали е распишана потерница по убиецот на нејзиниот син и се сомнева во институциите дека сакаат да го заташкаат овој случај.
Во врска со овој случај од охридската полиција велат дека по наредба на Основиот суд Охрид од страна на СВР Охрид распишана е централна и меѓународна потерница за лицето Бојан Угреновиќ кој се бара за сторено кривично дело „Убиство“.
Скршена од болка поради убиството на синот Димитар, мајката Драгица Матилоска утеха наоѓа во пишувањето книги насловени Мојот живот после изгубен живот. Вели дека на тој начин се обидува да го зачува споменот на убиениот син во исчекување на правдата која никако да дојде.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
