Сeлма Хајек преживеа тешка форма на Ковид-19
Познатата холивудска глумица Селма Хајек откри дека била на работ на смртта од коронавирусот, и оти „лекарите ја замолиле да оди в болница затоа што била многу болна“, а таа не ги послушала. Во својот прв есеј за „Њујорк тајмс“, Хајек пишува и за малтретирањето од страна на продуцентот Харви Вајнстин, кој, според наводите, ја уценувал со сексуални услуги и „физички ја исфрлил“ од забавната индустрија, заканувајќи ѝ се по животот.
Критичната епизода со болеста се случила првите денови од пандемијата. Минала седум седмици дома, на кислород.
„Лекарот инсистираше да одам во болница затоа што состојбата беше многу сериозна“, вели актерката и додава: „Не, благодарам. Повеќе сакам да умрам дома“.
Последиците од болеста се замор и пад во енергијата, што таа особено ги почувствувала за време на снимањето на филмот „Куќата на Гучи“, каде глуми со Лејди Гага.
Таа, исто така, проговори и за тормозњето што го доживеала од продуцентот Харви Вајнстин.
„Ми беше многу тешко затоа што решив да не бидам жртва, иако бев жртва. Морав да се уверам дека сум борец и после се, преживеав. Кога се случи ова, не знаев дека им се случило и на толку други жени. Бев во депресија со месеци. Навистина ми требаше многу време за да сфатам дека навистина преживеав и дека сум вистински борец“, вели Хајек во својот напис.
Ново на Сител
-

Маж од скопско три дена ја киднапирал, тепал и силувал својата поранешна партнерка
-

Зеленски: Ситуацијата во Иран не ѝ дозволи на Русија да има корист од конфликтот
-

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода
-

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
-

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-

30-годишна жена физички нападната од поранешната свекрва во струшката чаршија
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
-

Група малолетници со балон полн со вода погодиле мотоциклист, кој потоа застанал и физички ги нападнал
