Секојдневно се мие просторот околу контејнерите, велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно реализираат рачно миење на микролокациите каде што се поставени садовите наменети за одлагање комунален отпад, во сите скопски општини. Миењето на микролокациите на контејнерите се одвива претежно во доцните вечерни часови, по празнењето на садовите.
Како што посочуваат од претпријатието, продолжуваат и со континуирано одржување на хигиената на скопските булевари и улици преку нивно машинско миење со употреба на автоцистерни.
Во пресрет на големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршиле миење на целокупниот простор пред црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ лоцирана во строгиот центар на градот, како и во непосредната околина и дворот на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ лоциран во кањонот Матка.
МИА
Ново на Сител
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
-

Македонскиот парламент одбележа 35 години од независноста на Украина
