Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 14. седница со почеток во 9:30 часот, на која ќе разгледува повеќе иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на законски и подзаконски акти од различни области, вклучувајќи ги урбанизмот, животната средина, здравството и локалната самоуправа.
Како што информира Судот, предвидено е разгледување на седум иницијативи кои опфаќаат одредби од Законот за градење, Законот за дивеч и ловство, Законот за управување со отпад, како и акти од областа на здравственото осигурување и одлуки донесени од единиците на локалната самоуправа.
На дневен ред е и информација по предмет во врска со одредби од Законот за судовите, додека Судот ќе одлучува и по нацрт-одлука за оценување на уставноста на член 176 став 2 од Законот за заштита на децата.
Ново на Сител
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
-

Дејвид Гета во Скопје за прославата на независноста
-

Климатските промени влијаат врз пчеларството
-

Се помалку медицински сестри, се поголем притисок во болниците
