Се уште се пали трската на брегот на Охридското Езеро
Како никогаш досега во последниве години се врши палење на трската и уништување на крајбрежниот појас помеѓу Струга и Калишта реагираат граѓанските активисти. Постојано во оваа заштитена зона на природна реткост како што велат се пали трската и се тампонира езерскиот брег каде подоцна никнуваат плажи и хотелски комплекси.
Граѓанските активисти алармираат до надлежните да запре овој процес тие посчуваат дека во континуитет инспекциските служби само воочуваат штета но никогаш не превенираат или санкционираат некого.
Со уништувањето на каков било начин, сечење, палење, корнење, затрупување со градежен шут и земја, трската се уништува, а со тоа и природните живеалишта на крајбрежната зона.
Во понеделникот во атарот на Калишта изгореле околу 600 метри квадратни трска додека пред еден месец беа опожарени трски на површина од околу 400 метри квадратни во водите на Охридското езеро во близина на Извидничкиот центар во Струга.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
