Македонија
16. јуни 2026 - 14:53

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје

Скопје предолго време беше град оставен на заборав - со запуштени јавни површини, нарушена хигиена, недоволно одржувана инфраструктура и проблеми што со години остануваа нерешени. Денес, сликата постепено се менува. Во повеќе делови од градот се реализираат активности за чистење, уредување и реконструкција на јавните простори, со цел враќање на редот, функционалноста и достоинството на главниот град, пишува во денешното соопштение на Град Скопје.

Се додава дека преку посветена работа на терен се подобруваат условите за живот на граѓаните, се обновуваат запуштени локации и се создава почиста и поуредена урбана средина.

- Ова е процес кој бара време, труд и континуирана посветеност, но промените се веќе видливи. Скопје заслужува да биде чист, уреден и модерен град во кој граѓаните ќе се чувствуваат горди. Затоа што го сакаме Скопје - се додава во соопштението. 

 

МИА