Македонија
20. December 2022 - 12:28

Се повеќе граѓани не можат да се прехранат

Се повеќе граѓани бараат помош за да се прехранат. Поради огромното поскапување на цените на храната ранливите заедници на маргините од општеството.30 тина семејства секое утро доаѓаат во Народоната кујна која работи во рамки на студентскиот дом и чекаат за да си го подигнат оброкот со кој ќе треба да го преживеат денот.Но во Охрид далеку е поголем бројот на оние кои неможат да си обезбедат топол оброк.

Народната кујна пак со средставата кои ги добива од државата за приготвување на оброците едвај ги набавува потребните продукти поради растот на цените.

Во Народната кујна која започна со работа во 2009 година, за приготвување на оброците задолжени се шест вработени. Од студентскиот дом апелираат  до граѓаните и фирмите кои се во можност да донираат храна за лицата на кои им е потребна помош.