Македонија
1. јуни 2022 - 12:22

Се поголем број на млади лица со мозочен удар

Мозочните удари се повеќе ги напаѓаат младите. Последните истражувања покажале дека во Југозападниот регион  има висок процент на  ризик  фактори за мозочен удар а трагично е тоа што 44 проценти од луѓето незнаат да ги наведат кои се тие. Во Македонија годишно има повеќе од 5300 нови случаи на мозочни удари.

Брзиот начин на живот кој предизвикува стрес и крвниот притисок , се само едни од главните виновници за настанување на мозочен удар без разлика на полот и возраста.

Од Здружението за превенција од мозочен удар посочуваат дека мозочниот удар е на прво место за инвалидност, а второ за смртност во светот и кај нас.