Се одржа 63. доделување на Греми наградите
Во Центарот за конвенции во Лос Анџелес, Калифорнија, САД, синоќа се одржа 63-то доделување на музичките Греми награди, при што Бијонсе победи во четири од девет номинации.
Имено, таа ги освои наградите за најдобра ар-ен-би изведба за 2020 г. („Black parade“), рап-изведба, за дуетот „Savage“ со Меган ди Сталион, најдобра рап-песна и наjдобро музички видео и филм, за „Brown skin girl”. Тејлор Свифт ја доби статуетката за албум на годината, за компилацијата „Folklore” со што стана прва пејачка во историјата на Греми наградите, која трипатии ја добила таа награда.
Били Ајлиш победи во категоријата најдобар спот, за песната „Everything I wanted”.
Песна на годината е „I can’t breathe” на Дернст Емил, Х.Е.Р. и Тијара Томас.
Најдобар нов изведувач е Меган ди Сталион.
Наградата за најдобар поп-албум на годината отиде кај Дуа Липа и „Future nostalgia”. Најдобар албум во областа на денс и електронската музика, е „Bubba” на Кејтранда.
Најдобар рап-албум е „King’s desease” на Нас.
Најдобри рок-изведувачи се Фиона Епл и Боди Каунт. Најдобра рок-песна е „Stay high” на Британи Хауард.
Ново на Сител
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден од деветмината обвинети полицајци за Пулс не се чувствува виновен
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
