Се бара „неработник“ на годината

Се бара „Неработник на годината“. Потрагата ја почна хрватската платформа за вработување „Пикџобс“ (PickJobs), но нивната цел, се чини, е малку поинаква од првиот впечаток…
„Ова е невообичаена можност за сите вработени, самовработени, студенти и невработени – да му покажат на светот како успеале во она што многу луѓе го сметаат за невозможно: Постигнување рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот. Бараме личност со успешна приказна за тоа како го намалиле обемот на работа и ја зголемиле или одржувале својата продуктивност. Со други зборови, тие работеле попаметно во 2024 година, не понапорно. Бараме личност која постигнала успех во 2024 година благодарение на стратегии за делегирање, автоматизација, квалитетно управување со времето или кој било друг начин што овозможува рамнотежа на приватниот и деловниот живот“, се вели во објавата.
Конкурсот е отворен за сите – студенти, вработени на неопределено време, хонорарци итн. И не е ограничен само на Хрватска, туку може да се пријават „неработници“ од целиот свет. Може да се пријавите себеси или некој друг со кратка приказна или видео во коешто се објаснува „како лицето го намалило времето минато на работа“, а станало попродуктивно.
„’Пикџобс’ сака да ги истакне успешните приказни коишто ќе бидат инспирација за сите кои се борат со исцрпеност, преоптоварување и стрес. Ова е со цел да се подигне свеста за спомнатите проблеми и да поттикне позитивни промени во работната култура. Целта е да се мотивираат луѓето да истражуваат начини да се најде рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот, но и да се поттикнат работните заедници да воведат пофлексибилни практики коишто би ги поттикнале вработените да ја најдат таа рамнотежа“, се додава.
Добитникот на титулата „Неработник на годината“ ќе добие парична награда од 1.000 евра.
Ново на Сител
-

Во Прилеп одбележан месецот на Франкофонијата
-

Литија во село Оровник
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
