Македонија
11. јуни 2022 - 16:38

Се бара дигитализација на туристичкиот сектор

Новите технологии и генерации на кои им е природно виртуелното опкружување, користејќи социјални мрежи, и резервациски системи  ја наметнува потребата од дигитализација во туристичкиот сектор. Културното наследство, сместувачките капацитети и услугите кои се нудат веќе се дигитализирани но она што недостасува е обработката на дневни податоци смета професорската фела од областа на туризмот. Тие бараат да се направат промени во Законот за угостителска дејност, каде што ќе се овозможи на поедноставен начин да се пријавуваат гостите и да се уреди висината на туристичката такса.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, истакнаа дека применуваат дигитализација во туристичкиот сектор од пред неколку години, како што се рекламирање на Македонија како туриситичка дестинација на светски портали и на социјалните мрежи.

Туристичките работници сметаат дека македонскиот туристички сектор е дигитализиран, но треба постојано подобрување на процесот.